Реклама

Под Тумбе кафе во Битола пронајдени 4500 неексплодирани артилериски гранати од првата светска војна

Granati Bitola tumbe kafe

Дирекцијата за заштита и спасување продолжи со подигнување на пронајдените артилериски гранати од Првата светска војна во близина стадионот под „Тумбе Кафе“ во Битола.

Заедно со првата акција кон крајот на октомври, која прекина затоа што немаше содветна механзација,  четворица пиротехничари од цела Македонија вкупно досега пронајдоа 4500 неексплодирани артилериски гранати со калибар од 75 милиметри од Прва светска војна.

Granati Bitola

Сите гранати тежат околу 40 тони, а во нив има 1,5 тон чист експлозив.  Се уште не се дефинирани границите на локацијата, но се претпоставува дека станува збор за голема површина,  па бројките на пронајдени гранати се очекува да бидат огромни.

Акцијата, дирекцијата ја спроведува во присуство на медицинска екипа од Итната медицинска помош и полициски службеници.

Можеби ќе ве интересира: