Реклама

Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

Policiski cas 997x485

Владата на вечерашната седницата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава, заради заштита на јавното здравје во услови на пандемија со коронавирусот и заради спречување од ширење на заразата. Владата со тоа ја потврди вчерашната препорака од Советот за безбедност кој се состана кај претседателот Пендаровски.

„Владата донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението“, соопштија од Владата.

Исто така, Владата донесе заклучок и Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за здравство, Армијата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, сите расположливи капацитети и ресурси да ги стават во функција на справување со кризната состојба.

Можеби ќе ве интересира: