вторник, 24 ноември, 2020
Реклама

Дали ин витро оплодувањето е табу тема?

Bremena zena

Дали сте забележале дека има сè повеќе близнаци околу нас? За време на целото школување, познавав само едни близнаци, Клементина и Кристијан, имаше и уште некои, но беа толку ретки што кога ќе кажевме ‘близначките’ сите знаеја за кого станува збор. Денес многу жени раѓаат близнаци.

Бројот на близнаци драматично се зголеми во последните 30 години. Од 1980 до 2009 година во САД нивниот број се зголемил за неверојатни 76 проценти! Во осумдесеттите години, еден пар близнаци се раѓале на 53 единци, а денес – на 30.

Две третини од оваа бројка експертите ја објаснуваат со зголемената употреба на лекови за зголемување на плодноста, како и со процедури за асистирана репродукција. Остатокот се припишува на постарата возраст на мајките кои имаат поголема веројатност да родат близнаци.

Уште една информација што ја поддржува оваа теза е дека многу близнаци околу нас се резултат на напорите на лекарите: Шансата да добиете близнаци во постапката на ИВФ е 12,5 проценти, додека кај природното зачнување е 3,5 проценти.

Колку жени познавате кои побарале помош затоа што не можат да забременат по природен пат? Веројатно не многу. До неодамна, иако чекалниците беа преполни а за ин витро се чекаше со месеци, луѓето не сакаа да зборуваат за ова.

Како неплодноста да е грев или голем срам. Но тоа не е така. Како што не е срам да се има дијабетес или тумор, не е срам ниту да се биде неплоден или барем да се има проблем со зачнувањето. И воопшто не е важно кај кој од партнерите е проблемот, битно е да се реши. Не е срамота да се побара помош, ниту пак е срамота да се зборува на оваа тема.

Децата зачнати со ин витро не се вештачки деца, немаат шест раце и три очи, тие се деца како и сите други.

Затоа е добро што конечно се појави здружението До бебе по патот на ин витро, кадешто можат да се обратат сите кои имаат проблем со зачнувањето, но и многу поголем проблем, а тоа е, да се соочат и да зборуваат отворено за неплодноста, за своите дилеми и стравови.

Токму ова го прават нашите пријатели од здружението, ги отвораат темите, разговараат со стручњаци и им овозможуваат на своите членови да поставуваат прашања и да го споделуваат својот проблем. И најважно од се, ги раскажуваат своите приказни и им го отвораат патот на другите.

Извор: majkaidete

Mожеби ќе ве интересира: