четврток, 21 јануари, 2021
Реклама

Почина 56-годишна жена од ковид-19 во велешката болница

Veleska bolnica 997x485

Коронавирусот зема уште една жртва во велешката болница. На инфективното одделение синоќа почина 56-годишна пациентка од Свети Николе, која имала позитивен тест на коронавирус. Поради влошена бубрежна болест, утрово 73-годишна велешанка, позитивна на ковид-19 е префрлена на клиника за Нефрологија во Скопје.

Во велешката болница од коронавирус денеска се лекуваат вкупно 76 пациенти, од кои 64 со потврден позитивен тест, пет се сомнителни случаи, а седуммина имаа негативни тестови. Од нив, 27 пациенти се на кислородна поддршка. На инфективното одделение се хоспитализирани 49 пациенти, на одделението за физикална терапија има 16 пациенти, а на интерното одделение се лекуваат 11 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Велес се регистрирани 1751 заразен со коронавирус. Од нив, 952 се излечени, а досега починаа 57 пациенти. Како сè уште активни случаи со коронавирус се водат 769 граѓани.

Можеби ќе ве интересира: