Реклама

Колумбиецот Борха е ново засилување на Борец

Екипата на Борец од Велес донесе ново име во своите редови и потпиша договор со колумбискиот фудбалер Борха кој настапуваше за Пелистер.

Борха се очекува да биде големо освежување во тактиката на тренерот Горазд Михајлов затоа што може да одговори на повеќе позиции на теренот. Природно место му е централен дефанзивец, но може одлично да одговори и на левата бековска и крилна позиција.

22-годишниот Колумбиец во Велес доаѓа од редовите на Пелистер, а претходно беше дел и од екипите на Локомотива, Работнички и Македонија Ѓ.П.

Можеби ќе ве интересира: