Реклама

Навики и способности кои детето треба да ги има пред да тргне во прво одделение

Dete na skolo

Вашето дете за прв пат во септември ќе седне во училишните клупи?

Сигурно сте нервозни и веќе сте се фокусирале на учењето букви и броеви. Без паника! Иако познавањето на азбуката и броевите ќе му помогнат многу на вашето дете, тие не се основните нешта на кои треба да се фокусирате во моментов.

Наместо тоа, поработете на самостојноста на вашето дете, на неговите секојдневни навики, на основните моторички движења, на социјалните вештини, на хигиената… Дете кое ќе ја започне првата школска година подготвено има поголеми шанси за академски успех понатаму.

Еве кои навики и способности треба да ги поседува вашето дете пред да тргне на училиште:

  1. Самостојнон да го кориссти тоалетот. Научете го вашето првоодделенче само да се грижи за хигиената во тоалетот. Пред да тргне на училиште, детето треба да знае самото да се избрише, да се облече, да пушти вода во веце школката и да си ги измие рацете. Добрите хигиенски навики се стекнуваат од мали нозе и се многу важни. Секогаш проверувајте дали вашето дете има марамчиња пред да оди на училиште.
  2. Да се облекува без никаква асистенција. Вежбајте со детето облекување сè додека не се уверите дека тоа може да ги облече сите парчиња облека, чорапи и обувки без да побара помош. Моторичките вештини за закопчување копче или за врзување врвки исто така треба да му бидат развиени. Сепак, избегнувајте ги чевлите и облеката кои се премногу комплицирани за облекување или одземаат многу време. На пример, наместо мали копчиња, претпочитајте големи или патент. Наместо врвки, претпочитајте лепенки и слично.
  3. Да јаде само и да се грижи за приборот за јадење. Детето треба да знае дека неговата исхрана на училиште зависи само од него. Научете го да ги избира правилните оброци за себе, да се храни здраво, а ако си носи домашно приготвени оброци, да се грижи за својот прибор. Можете да го вклучите и во приготвувањето на храната за да го насочувате што е здраво за него, а што не е.
  4. Да се грижи за предметите кои ги носи со себе. Ранецот, облеката, школскиот прибор… сè треба да има свое место за вашето дете да може лесно да провери дали нешто му недостасува. Научете го да биде одговорно и да се грижи за своите предмети.
  5. Да се грижи за хигиената во училницата. Научете го вашето дете да ја користи корпата за отпадоци и да не фрла ништо на подот. Подучете го да се грижи за школската клупа, да не чкрта на неа и да не ја оштетува.
  6. Да се одзвива на сопственото име и да го препознава кога е напишано. За успешно да ги препознава своите тетратки, учебници, боички и сл., детето треба да умее да ги препознае буквите од сопственото име. Тоа, исто така, треба да се одзвива кога учителот/ката ќе му го изговори името и презимето.
  7. Да седи мирно 40 минути и да внимава. Ова не е лесно ако земе предвид дека децата се активни и разиграни, но е задолжително за успешно адаптирање на училиште. На момчињата најчесто им е потешко да седат долго време во едно место одошто на девојчињата, па ако имате син, искористете ги претстојните денови за да цртате, боите, играте игри во текот на 40 минути.
  8. Да се грижи за предметите кои ги носи со себе. Ранецот, облеката, школскиот прибор… сè треба да има свое место за вашето дете да може лесно да провери дали нешто му недостасува. Научете го да биде одговорно и да се грижи за своите предмети.
  9. Да се грижи за хигиената во училницата. Научете го вашето дете да ја користи корпата за отпадоци и да не фрла ништо на подот. Подучете го да се грижи за школската клупа, да не чкрта на неа и да не ја оштетува.
  10. Да се одзвива на сопственото име и да го препознава кога е напишано. За успешно да ги препознава своите тетратки, учебници, боички и сл., детето треба да умее да ги препознае буквите од сопственото име. Тоа, исто така, треба да се одзвива кога учителот/ката ќе му го изговори името и презимето.
  11. Да седи мирно 40 минути и да внимава. Ова не е лесно ако земе предвид дека децата се активни и разиграни, но е задолжително за успешно адаптирање на училиште. На момчињата најчесто им е потешко да седат долго време во едно место одошто на девојчињата, па ако имате син, искористете ги претстојните денови за да цртате, боите, играте игри во текот на 40 минути.

Извор на веста: femina.mk

Moжеби ќе ве интересира: