четврток, 21 јануари, 2021
Реклама

На инфективно во Велес починаа двајца пациенти од ковид-19

infektivno veles

Двајца пациенти го изгубија животот вчера во велешката болница, како последица од ковид вирусот. Вчера починал пациент на 57г. од Оризари, хоспитализиран на инфективното одделение еден ден и пациент на 82г. од Велес, лекуван на инфективното одделение 12 дена.

Во велешката болница денеска се хоспитализирани 34 пациенти, од кои 26 имат потврден позитивен тест за ковид-19, еден е сомнмителен на вирусот додека седумсе со негативен тест. На кислородна поддршка се 15 пациенти. Како оздравени, со по еден негативен брис, денеска од болницата се испишани седум пациенти. На инфективното одделение се лекуваат 33 пациенти, и на интерното одделение има еден пациент.

Од почетокот на пандемијата до денеска, во Велес е регистрирани 2854 заразени со коронавирус, а активни се 388 случај.

Mожеби ќе ве интересира: