Реклама

Велес со двоцифрен број заразени во последните 24 часа и двајца починати

Bolnica Veles

Во последното деноноќие се регистрирани 13 новозаразени велешани, и девет оздравени. Сепак двајца пациенти ја загубија битката со ковид-19, тие починаа на инфективното одделение во велешката болница.

Од почетокот на пандемијата до денеска, во Велес е регистрирани 2867 заразени со коронавирус, а активни се 390 случаи.

Во последните 24 часа се направени 2455 тестирања, а регистрирани се 345 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 129, Куманово – 21, Дебар – 9, Штип – 12, Прилеп – 26, Тетово – 10, Струга – 8, Велес – 13, Битола – 6, Охрид – 23, Кавадарци – 31, Гостивар – 1, Гевгелија – 7, Струмица – 9, Крива Паланка – 6, Радовиш – 5, Крушево – 4, Пробиштип – 1, Виница – 3, Делчево – 2, Кратово – 1, Кичево – 1, Ресен – 3 и Неготино – 14.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти, починати се 8 лица, еден пациент од Струга (69г), двајца од Велес (82 и 57г), еден од Битола (82г), еден од Гостивар (70г), еден од Гевгелија (78г), еден од Струмица (81г) и еден пациент од Валандово (48г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86494, бројката на оздравени пациенти е 67453, на починати е 2622, а бројот на активни случаи изнесува 16419.

Можеби ќе ве интересира: