Реклама

И Јутјуб го блокираше американскиот претседател Доналд Трамп

Donald Tramp

Поради прекршување на политиките за поттикнување на насилство, поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во наредните седум дена нема да може да објавува нови видеа или стримови во живо на Јутјуб, бидејќи платформата привремено му забрани пристап до каналот.

„По внимателно разгледување и поради загриженоста за постојаниот потенцијал за насилство, отстранивме нова содржина прикачена на каналот „Доналд Трамп“ бидејќи увидовме напад на кршење на нашите политики за поттикнување насилство“, изјави портпаролот на Јутјуб.

Веднаш по инцидентот, Твитер и Фејсбук ги блокираа налозите на Трамп и ја отстранија целата содржина која го поддржува минатонеделниот напад, додека Амазон ја суспендираше социјалната мрежа Парлер, која моментно ја користат голем број приврзаници на Трамп.

Приврзаници на Трамп упаднаа на 6 јануари во американскиот Конгрес, обидувајќи се да ја спречат седницата за верификација на изборната победа на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден. Трамп, кој ја оспори валидноста на победата на Бајден без да изнесе докази, на почетокот ги пофали своите приврзаници, но подоцна го осуди насилството.

Moжеби ќе ве интересира: