понеделник, 1 март, 2021
Реклама

Оризопроизводителите го блокираа патот Штип-Кочани

Земјоделците од кочанскиот регион кои произведуваат ориз денеска во селото Облешево со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат Штип – Кочани .

Од Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството истакнаа дека на овој начин го изразуваат незадоволството од лошата состојба во која се наоѓаат и што што Владата сè уште не им ги исплатила субвенциите за предадената оризова арпа од минатогодишната реколта.

Kegi Mobi

Земјоделците побараа и исплата на надоместокот за „зелена“ нафта, како и определување на заштитна цена за килограм ориз.

Земјоделците од кочанскиот регион нагласија дека очекуваат брза реакција од Владата, зошто во спротивно ќе продолжат со протестите и ќе применат поригорозни мерки за целосно блокирање на магистралниот пат.

Можеби ќе ве интересира: