Реклама

Красимир Кракачанов не успеа да влезе во бугарскиот парламент

Karakacanov

Партијата ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов победи на парламентарни избори во Бугарија, а „Има таков народ“ на Слави Трифонов стана втора политичка сила.

Според досега 80 отсто од обработени гласови ВМРО на Красимир Каракачанов не успеа да влезе во бугарскиот парламент.

Kegi Mobi

Пред малку Красимир Каракачанов на својот Фејсбук профил напиша:

Здраво, соборци. Денот на изборите заврши. Централната изборна комисија сè уште не ги објави конечните податоци, но прогнозата е дека партијата ВМРО нема да биде претставена во 45-от парламент.
Благодарност до сите што гласаа. Благодарност до сите што ја поддржаа ВМРО. Ви благодариме што за вас Бугарија е над сè и во носењето на вашите одлуки е пред се националниот интерес. Сакам да му гарантирам на секој Бугарин кој ја даде својата доверба и да гласаше за ВМРО дека ние нема да ве изневериме! Дури и надвор од парламентот, ВМРО ќе се потруди да ги одбрани вашите интереси, за кои работевме последните четири години – приход, семејство, безбедност. Ние ќе продолжиме да го браниме бугарскиот интерес во Македонија – затоа таму компромис по никаква цена не треба да има! Главите горе, пријатели! Вие не треба да се обесхрабрувате! ВМРО не ја доби оваа битка, но војната“ допрва следува – и е за највредното – за Бугарија.

Ако овие проценти се задржат до крај, ова ќе биде првиот бугарски парламент без партии со крајна националистичка програма, пренесуваат бугарските медиуми.

Неговата партија ВМРО пред два месеца реши да се раздели од партијата НФСБ со која беше во коалиција, со идеја дека може сама да го надмине прагот од 4 отсто.

Можеби ќе ве интересира:

Можеби ќе ве интересира: