Реклама

Предвидено е кога во време на полициски час ќе можат да се изнесат домашните миленици

kuce

Сите они граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување своите домашни миленичиња (кучиња), ќе можат да ги изнесуваат надвор од 22:00 до 23:00 часот, и тоа најмногу до 100 метри од објектот каде живеат.

Од вечерва рестриктивните ковид мерки – полицискиот час наместо од 22 во наредните две недели ќе почнува од 20 часот, а од утре за гости се затвораат сите угостителски објекти, како и угостителскиот дел од обложувалниците.

Kegi Mobi

Од денеска веќе се затворени фитнес центрите, спортските сали а се забранува и организирање, одржување и учество на семинари, работилници обуки, курсеви, конференции и тн.

Можеби ќе ве интересира: