понеделник, 12 април, 2021
Реклама

Кривични пријави за 10 вработени во МВР и еден поттикнувач поради пасошите со украдени идентитети

severno makedski pasos

МВР до Основно јавно обвинителство поднесе две кривични пријави со кои се опфатени вкупно 11 лица за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, а во однос на случајот издавањето пасоши со лажен идентитет.

10 лица кои се осомничени се вработени во полицијата односно во службата за издавање пасоши, додека едно лице, како поттикнувач, посредувало при незаконското издавање на документите.

Kegi Mobi

Со двете поднесени кривични пријави опфатени се вкпуно 219 незаконски издадени пасоши.

Првата кривична пријава се однесува на 215 незаконски издадени пасоши, при што осомничените им овозможиле на странски државјани да се стекнат со македонски пасош под туѓ, македонски идентитет, а со фотографија од лицето на кое му била издадена патната исправа.

Притоа се користел идентитет на лица кои живеат во дијаспората.

Со втората пријава, пак, се опфатени 4 незаконски издадени пасоши при што искористени биле повеќе матични броеви издадени на 1 лице, кои не биле опфатени со постапка за нивно поништување, со цел да се креира нов идентитет, кој потоа со фотографија од лицето кое бара пасош бил употребен за да се издадат нови незаконски патни исправи.

Постапувајќи по двете кривични пријави, Обвинителството достави предлог за определување мерка притвор против осум лица, од кои едно е недостапно на органите, додека против две лица е поднесен предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавуваат кај службено лице, привремено одземање на пасош и забрана за преземање работни активности поврзани со кривичното дело.

Еден од осомничените, пак, веќе се наоѓа во притвор по претходен предмет за незаконско издавање возачки дозволи.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за Утрински брифинг објаснувајќи за, како што рече, деконспрацијата на акцијата Двојник изјави дека едно од вчера уапсените лица од одделението за издавање патни исправи бил во тесна врска со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и дека документите што опозицијата им ги доставила на одредени медиуми ги добил од тоа лице.

Oliver Spasovski

Прашан зошто оваа група го правела ова и дали биле пресудни парите кажа дека сумите за таков лажен пасош се движеле до 20 илјади евра и дека мегу уапсените има и лице кое им било шеф а по надворешното лице преку кое оделе нарачките полицијата трага.

Можеби ќе ве интересира: