Реклама

На денешен ден пред 118 години е убиен револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев

Goce Delcev

Денеска се одбележуваат 118 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев кој на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Kegi Mobi

Во негова чест, делегации на државни институции, здруженија и граѓани ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Делчев се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Тој учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Можеби ќе ве интересира: