Реклама

Во ковид статистиката регистрирани тројца починати велешани

Пациенти од Велес на 64, 72 и 73 годишна возраст во ковид статистиката на Министерството за здравство се регистрирани како починати од ковид-19, нема новозаразени а оздравени се 14 пациенти. Бројот на активни случаи во Велес е 457.

Во последните 24 часа се направени 1 169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.

Kegi Mobi

Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 28, Куманово – 8, Гостивар и Охрид – по 4, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Штип – по 3, Струга, Кичево и Ресен – по 2, Свети Николе и Кратово – по 1.

Регистрирани се 782 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 31 починато лице: 9 од Скопје (42г,64г,68г,68г,72г,73г,77г,77г,86г), 4 починати лица од Тетово (66г,73г,75г,78г), 3 починати лица од Велес (64г,72г,73 г), по 2 починати лица од Битола (43г,68г), Охрид (45г,87г), Струга (54г,64г) и Берово (43г,82г) и по 1 починато лице од Куманово (59г), Прилеп (70г), Кавадарци (82г), Кочани (63г), Радовиш(60г), Виница (67г) и Пробиштип(71г). Од починатите, 28 се во болнички, а 3 во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152 814, бројката на оздравени пациенти е 134 653, на починати е 4 992, а бројот на активни случаи изнесува 13 169.

Можеби ќе ве интересира: