Реклама

Одделението за Физикална терапија од велешкиот ковид центар ставен во времено мирување

Veleska bolnica 997x485

Поради намалување на бројот на хоспитализирани пациенти, ковид центарот на Одделението за Физикална терапија од денес е ставен во времено мирување.

Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 72. Од нив, 56 имаат потврдени позитивни тестови, шест пациенти се сомнителен на вирусот, и 10 имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.

Kegi Mobi

На кислородна поддршка се 26 пациенти. На инфективното оддееление има 40 пациенти, на интерното одделение има седум пациенти , а во Модуларната болница се лекуваат 25 пациенти.

Можеби ќе ве интересира: