Реклама

Регионален пункт за вакцинација во Велес се отвора на 25 мај

На 25 мај ќе се отвори регионалниот пункт за вакцинација во Велес. Ќе биде сместен во спортската сала на ОСУ “Коле Неделковски”, кај велешани познат како УЗУС. Пунктот треба да биде опремен до 20 мај, а следните два дена ќе се организира пробна вакцинација.

“Ова е одлична вест за велешани, но и за жителите на Чашка, Градско, Лозово и Свети Николе. Заедно со пратеникот Ненад Коциќ направивме напори и успеавме да издејствуваме вакцинален пункт во Велес. Велешани повеќе нема да мораат да патуваат до Кавадарци. Им благодарам на компаниите од Велес кои без исклучок прифатија да донираат и помогнат во отворањето на пунктот”, рече градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Agria

Пунктот ќе има 15 кабини за вакцинирање и една кабина за прва помош. Градежни и занаетчиски интервенции ќе почнат деновиве. Градоначалникот Коцевски рече дека Велес е најголем град во регионот, па затоа мора да биде регионален центар за вакцинација.

Можеби ќе ве интересира: