(ФОТО) Пукна водоводна цевка, поплавени дуќани кај комплексот „Убавици“ во Велес

Пукната водоводна цевка ги поплави дуќаните кои се наоѓаат под комплексот „Убавици“ во велешката Нова Населба. Дефектот се случи денеска, а вода тече долж целата главна улица „Благој Ѓорев“.

Екипи на ЈКП Дервен се на местото на настанот и работат на санирање на дефектот.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

Дел од овие дуќани беа изградени пред десетина години, кога општинските власти дозволија да се пренаменат гаражи во деловен простор.

Дел од нив се наоѓаат под нивото на патот, па при дефект како денешниот, водата буквално ги преполнува со вода.

Дел од овие дуќани воопшто и не беа ставени во функција, но дел од нив се користат и се полни со стока за продажба. Очевидци велат дека штетата е голема.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Семејствата на жртвите од 'Пулс' повторно на улица – осми протестен „Марш за ангелите“
Промена на натпреварите за Купот, Горски против Башкими од Горно Јаболчиште
Државна матура 2025: Над 15.000 ученици на испит по мајчин јазик