сабота, 23 октомври, 2021
Реклама

Истражување: Напнатите спортски натпревари се ризични за луѓето со чувствително срце

Големите спортски натпреварувања се толку возбудливи настани за луѓето, што на пример Светското или Европското првенство во фудбал го зголемуваат ризикот од срцев удар за некои љубители на овој спорт, покажува новата германска студија.

За време на Светското првенство во 2014 година, евидентиран е поголем број хоспитализирани поради срцев удар, се наведува во студијата објавена во списанието Scientific Reports.

Agria

Истражувани се официјални податоци од болници за прием и смртност поради срцев удар, споредувајќи четири временски периоди.

За време на четиринеделното Светско првенство, од средината на јуни до средината на јули, 18.479 лица завршиле в болница во Германија поради срцев удар, што е за 3,7 отсто повеќе од истиот период во 2015 година и 2,1 отсто повеќе отколку во 2013 година.

Еден месец по завршувањето бројот на приеми се намалил за 5,4 проценти.

На денот на последниот натпревар, стапката на смртност од срцев удар кај хоспитализирани пациенти била најголема, истакнаа научниците.

Таа година, Германија ја победи Аргентина со 1-0 во финален натпревар, потсетија научниците од кардиолошкиот центар на Универзитетската болница во Мајнц, во соработка со спортскиот оддел на Универзитетската болница во Хајделберг.

– Гледањето фудбал може да влијае на вашето срце, нема сомнение во тоа, изјави Томас Мајнерц од Германската фондација за срце. Тој истакна дека ова не важи за сите натпревари, туку само за оние што најмногу ги возбудуваат гледачите.

Мејнерц истакна дека врските меѓу срцевиот удар и екстремно стресните ситуации се потврдени научно, било да се работи за земјотреси, избори или спортски настани.

Бројот на пациенти со срцев удар се зголемил за 2,7 проценти за време на СП 2006 кога играше Германија, покажуваат податоците на кардио тимот од Минхен предводен од Уте Вилберт-Лампен.

Мениерц објаснува дека возбудата ослободува хормони на стрес, што доведува до забрзување на отчукувањата на срцето и зголемување на крвниот притисок. Ова за возврат го зголемува ризикот од срцеви проблеми за оние кои ги имаат.

Аксел Шмермунд, кардиолог од Франкфурт, предупреди дека за време на некој натпревар, начинот на живот на гледачите честопати се менува бидејќи седат многу подолго време, јадат закуски што вообичаено не ги консумираат и пијат алкохол.

Затоа, лушето со висок ризик треба да бидат особено внимателни за време на тековното Европско првенство во фудбал.

Мајнерц советува избегнување на алкохол и големи оброци затоа што со тоа се троши дополнителен кислород и крв, а пушењето треба да се избегнува по секоја цена.

Германецот советува повремено раздвижување, пешачење и истегнување.

Можеби ќе ве интересира: