понеделник, 20 септември, 2021
Реклама

(ВИДЕО) Пораз на Борец од второлигашот Воска во пријателски натпревар

Фудбалерите на Борец загубија од второлигашот Воска Охрид со резултат 0:1, и сеуште немаат победа во летниот подготвителен период.

Во бледо издание се прикажаа фудбалерите на Борец пред своја публика во првиот натпревар на свој терен во подготвителниот период. Јалови беа нападати на велешани во текот на целиот натпревар.

Agria

Најзрелата шанса за Борец ја имаше Ѓоре Ѓоргиев во првото полувреме кога излезе сам пред голманот на гостите, но топката помина покрај стативата.

Гостите претежно играа дефанзифно, обидувајќи се преку контранапади да ги изненадат домаќините. Тоа им успеа во 75 минута кога Бејхар Фета од пет метри биеше во небранетиот дел на голманот Рниќ.

Можеби ќе ве интересира: