понеделник, 29 ноември, 2021
Реклама

Нови случаи со коронавирус во Велес, вкупно 24 пациенти имаат потреба од кислородна поддршка

veles

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа во Велес се регистрирано нови 18 нови случаи на коронавирусот, а се регистрирани 15 оздравени велешани.

Од направени 3.209 тестирања ширум земјава, се регистрирани 411 нови случаи на КОВИД-19:

Agria

Скопје – 198, Куманово – 40, Штип – 19, Велес – 18, Кавадарци и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 10, Тетово и Радовиш – по 7, Струга – 6, Струмица и Пробиштип – по 5, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 4, Охрид, Кичево, Свети Николе, Богданци, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Валандово и Демир Хисар – по 2, Делчево и Виница  – по 1.

Регистрирани сe 271 оздравен пациент од: Скопје  –  120, Куманово – 22, Велес – 15, Крива Паланка- 14, Битола – 12, Штип и Тетово – по 11, Кичево – 10, Кочани и Прилеп – по 8, Кавадарци и Кратово – по 7, Струмица – 6, Гевгелија – 5, Неготино и Свети Николе – по 3, Радовиш, Пробиштип, Ресен, Охрид, Македонска Каменица, Валандово, Демир Хисар, Виница и Македонски Брод  – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 4 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г, и 65г), и по едно починато лице од Куманово (74г) и Пробиштип (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.057, бројот на оздравени пациенти е 185.931, на починати е 7.019, а бројот на активни случаи изнесува 6.107.

Според епидемиолошки анализи во моментов во Велес бројката на активни случаи е 297, а потреба од кислородна поддршка во велешката болница во моментов имаат вкупно 24 пациент.

Можеби ќе ве интересира: