Реклама

(ФОТО) Финишира изградбата на горниот дел на затворениот пазар во Велес

При крај е изградбата на горниот дел од новиот Градски пазар во Велес. Претставници на фирмата изведувач Бауер БГ, надзорниот орган од МБМ Инженеринг, претставници од ЈКП Дервен како и од Општина Велес денеска извршија технички прием на објектот, по што се очекува за неколку дена да се отсранат недостатоците и објектот да се пушти во употреба.

Содржината продолжува под рекламите

„Во рок од осум дена изведувачот треба да ги отстрани сите недостатоци утврдени при увидот на објектот. Во меѓувреме се изработува металниот дел од оградата на пазарот. Во тек се подготовки за изработка на парапетен ѕид како и изработка на нова траса за фекалниот колектор. Кога ќе се создадат соодветни услови тезгите од сегашната локација ќе бидат префрлени во новоизградениот дел на пазарот“, велат од Општина Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Откако ќе заврши изградбата на горниот дел, треба да почне изградбата и на долниот дел на пазарот, со што велешани ќе добијат современи услови за градски пазар, во кој освен делот за продажба, има и помошни простории и нови тоалети.

Содржината продолжува под рекламата

Новиот градски пазар почна да се гради пред девет месеци. Според проектот, градежната парцела опфаќа вкупна површина од 4171.93 м2 од кои 2218.72 м2 површина наменета за продажба на производи. Новиот пазар опфаќа 19 дуќани, дел под отворена настрешница, паркинг простор, санитарии и магацински простор. Неговата изградба требаше да заврши на 15 септември. Но, изведувачот доцнеше со градежните работи, бидејќи во текот на изградбата беше оштетен канал при ископот, а корекции во проектот и летните горештини го одложија финишот на овој капитален проект.

May be an image of 4 people and outdoors

Општина Велес во 2019 година од Владата доби 40 милиони денари за изградба на нов затворен пазар. Според проектната документација, вкупната инвестиција ќе изнесува 82 милиони денари. Дел од овие средства Општина Велес ќе ги обезбеди со продажба на деловните простори, кои ќе бидат се состав на новиот градски пазар.

May be an image of 6 people, people standing and indoor

Можеби ќе ве интересира: