Го нарекуваат нов Пирло, Милан за него нуди тројца играчи и пари

Tonali 1

Милан е подготвен да понуди тројца фудбалери за да го донесе Сандро Тонали, фудбалер кој уште од првите јуниорски денови е наречен нов Пирло во Италија.

Младиот стопер Матија Габија, голманот Алесандро Плизари и играчот од средниот ред Томас Побега се играчите од академијата на Милан кои ќе му бидат понудени на клубот од Бреша.

Agria

Тонали го привлече интересот на голем број големи клубови како Јувентус, Интер, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Реал Мадрид, а Милан се чини како аутсајдер во оваа приказна со оглед на финансиската состојба на клубот.

Тие се надеваат дека можат барем да го преполоват обештетувањето што Бреша го бара за неговиот најдобар играч. Тонали, кој навива за Милан, честопати се споредува со Пирло, но тој самиот се опишува повеќе во стилот на игра како Џенаро Гатусо.

Претседателот на Бреша Масимо Селино изјави дека Тонали може да замине само за сума од 300 милиони евра.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Промена на натпреварите за Купот, Горски против Башкими од Горно Јаболчиште
Горски против Победа од Пепелиште во борба за Купот на Македонија
АЕК бара презакажување на реваншот со Алкалоид