Реклама

Наскоро почнува исплатата на пензиите

pari, denari

На вчерашната седница Владата ја усвои информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година, со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни.

Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.6.2021 година.

Agria

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2022 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2022 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2022 година (четврток), и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.07.2022 година (петок).

Moжеби ќе ве интересира: