Реклама

Почина возачот кој беше тешко повреден во вчерашната сообраќајна несреќа на патот Велес-Извор

Brza pomos-Stip

Во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи вчера наутро околу 08.15 часот на регионалниот пат с.Извор, велешко, кај местото викано „Врановски aнови“,  загина 37-годишниот маж од велешкото село Бузалково, кој поради крварење на мозокот итно беше пренесен на клиникте во Скопје. Несреќата се случила помеѓу две товарни возила „ТАМ“, двете со велешки регистарски ознаки, едното управувано од И.Ј.(37), а другото  управувано од Ј.Ј.(22), и двајцата од с.Бузалково, велешко. 

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Ј., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и им подлегнал на повредите. По насоки на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Велес“, се вели во соопштението од МВР.

Agria

Moжеби ќе ве интересира: