Реклама

Еуросупер БС-98 од вечер на полноќ поевтин за 2 денари

Benziska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2 денари/литар, додека цените на останатите горива не се менуваат.

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по следните цени: бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе чини 93,5 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 94 денари/литар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува 93 денари/литар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 91 денар/литар и Мазутот М-1 НС ќе се продава по 53,343 денари/килограм.

Можеби ќе ве интересира: