сабота, 8 октомври, 2022
Реклама

Жител на Горно Јаболчиште починал по пад од потпорен ѕид

Jabolciste

35 годишен жител на Горно Јаболчиште  починал по пад од потпорен ѕид. Тој бил донесен во Итна медицинска помош со повреди, но набрзо им подлегнал на повредите

„На 15.08.2022 во 11.30 чaсот во полициската станица во Велес било пријавено дека во Итна медицинска помош Велес е донесен со повреди Ј.У.(35) од с.Горно Јаболчиште, кој набрзо им подлегнал на повредите. Според пријавеното, со повредите се здобил при пад на потпорен ѕид, додека со неговиот брат Р.У.(37) го расчистувале дворот“, соопштија од велешката полиција.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Можеби ќе ве интересира: