недела, 4 декември, 2022
Реклама

Акциска контрола на полицијата, пронајдена дрога, затекнати малолетници и недавање фискални смети

Денеска (21.08.2022) во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2022“ полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип и други организациски единици од БЈБ во координирана акција со Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат извршија контрола во угостителски објект во Делчево, информираат до МВР.

-При тоа, пронајдена е бела прашкаста материја, затекнати се пет малолетници по 24 часот, а утврдено е и дека едно лице без лиценца врши дејност обезбедување на објектот. Од страна на УЈП е констатирано дека нема фискални каси во објектот и ќе биде изготвено решение за негово затворање. Затекната е и малолетничка која работела како келнерка, а утврдени се и други неправилности од Државниот трудов инспекторат, велат од полицијата.

Agria

Оттаму посочија дека контролите продолжуваат и во наредниот период.

Можеби ќе ве интересира: