недела, 4 декември, 2022
Реклама

Утре ќе се одржи промоција на книгата „Тркало на живот“ од Ленче Китанова

Утре во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес ќе биде промовирана книгата „Тркало на животот“од писателката Ленче Китанова. Промотор ќе биде Наташа Брезовска – Богоевска.

Романот „Тркало на животот“ всушност претставува еден едукативен роман од кој треба да се научи дека богатството е минливо, а семејството е со трајни вредности.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Овој роман претставува потсетување на смислата на животот и тогаш, а и денес  и овде, во еден свет кој, како што стојат работите, ќе се испразни од секаква смисла со брзина на светлината. Детална и сликовита приказна која го растреперува срцето и притоа успева да го задржи вниманието на читателот од првата до последната страница. 

Можеби ќе ве интересаира: