Реклама

Заврши распустот, децата од денеска се враќаат во училишните клупи

Ucilnica so korona

Околу 255 илјади основци и средношколци денеска ја почнуваат учебната 2022/2023 година во која наставата, по две пандемиски години, стартува без антиковид-протоколи и заштитни маски.

За учениците од прво, второ, четврто и од петто одделение се подготвени нови наставни програми за предметите,  согласно Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно и, според планот, треба да биде заокружена за пет години во целото деветгодишно образование.

Agria

Учебниците според новите наставни програми се во различна фаза на одобрување и додека ги добијат, учениците од овие одделенија ќе учат од соодветни материјали во кои се разработени содржините од првото тримесечје. МОН уверува дека не се работи за скрипти, туку материјали кои се квалитетни и креативни и учениците ги добиваат бесплатно.

Министерот Јетон Шаќири вчера на прес-конференција истакна дека МОН е многу поподготвено од претходните години зашто на првиот училишен ден ќе има за сите ученици – материјали за учење за прво, второ, четврто и петто и учебници за останатите одделенија во основното и за средното образование.

Наставниците, пак, со платата за септември ќе добијат зголемување од 15 отсто договорено меѓу МОН и СОНК по организираниот штрајк пролетта. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура вчера ја објави потпишаната Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование

Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК Јаким Неделков и министерот Шаќири,  стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму.

Дијалогот со синдикатот, како што изјави Шаќири, ќе продолжи за да се дефинираат и потпишат и нови колективни договори за основно и за средно образование, како и за политики за подобрување на квалитетот на образованието.

Можеби ќе ве интересира: