Владата на Австралија ја поништи суспензијата за Ѓоковиќ, тој ќе може да настапи на Австралија Опен

novak dzokovic
novak dzokovic

Новак Ѓоковиќ беше во центарот на вниманието откако не доби шанса за настап на првиот гренд-слем турнир во годината поради одлуката да не се вакцинира, но српскиот тенисер ќе се појави на следниот Австралија Опен откако австралиските власти му ја укинаа тригодишната суспензија.

Австралиските власти одлучиле да ја поништат одлуката која стапила во сила веднаш штом Србинот беше депортиран од Австралија претходниот јануари, пренесуваат тамошните медиуми. Одлуката доаѓа и по промената на Владата во Австралија каде Скот Морисон беше заменет со Ентони Албанес.

Agria

Новак Ѓоковиќ досега девет пати го освојуваше турнирот во Мелбурн, а во претстојното натпреварување би можел да го достигне рекордот на Рафаел Надал од 22 гренд-слем во кариерата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: