сабота, 3 декември, 2022
Реклама

Евролигашите се подготвуваат за следната сезона

Во периодов нема кошарка на терените поради пандемијата на коронавирус. Но тоа не ги спречува клубовите да размислуваат за својот ростер за следната година. Еве некои од трансферите кои се во најава.

Тарик Блек преговара со Макаби за продолжување на договорот. Дали соработката ќе продолжи, останува да се види со оглед дека Израелците нудат нешто послаб договор од вообичаеното. Наводно договорот би бил вреден 1,3 милиони долари годишно.

Agria

Во последните неколку дена, од Грција доаѓаат интересни вести, каде Панатинаикос го заокружува својот „список за купување“. Покрај неколкуте играчи кои се наоѓаат на списокот на Зелените,се наоѓа и српскиот центар Богдан Радосавjевиќ. Тој игра на позицијата центар, и моментално ги брани боите на Хамбург тауерс.