вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Нова рекордна недела за „БРАКО“, 17 испорачани возила во европски земји

Рекордни 17 возила за одржување на хигиена во урбани средини, неделава излегоа од
погоните на „БРАКО“ и се испорачани кон метрополите во 5 европски земји.

Инжинерите и техничарите  во „БРАКО“ навремено и прецизно ги завршија нарачките за вкупно
11 возила во Велика Британија, 3 возила во соседна Грција и по едно возило во Холандија,
Германија и Франција.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Интересот за електрични возила продолжува да биде на високо ниво, но во испораката има и
возило на погон на водород,  како и најновиот модел на возила на класичен погон, со
унапредени филтри за намалени издувни гасови.

„БРАКО“ продолжува да создава производи кои се пријателски кон природата, исполнувајќи ги
критериумите на системот за управување со квалитет и животна средина.

Можеби ќе ве интересира: