Реклама

Зошто сме поспани кога врне дожд?

Главната причина зошто будењето во услови на дожд е потешко од вообичаено, е поради хормонската промена. Ова е наведено во студиите на државниот универзитет во Пенсилванија.

Доколку денот преовладува со врнежи, има помалку дневна светлина, во тој случај телото излачува помалку сератонин, а повеќе мелатонин. Тие се хормоните кои директоно се одговорни за расположението и будењето на човекот.

Agria

Сератонинот ни дава чуство на убаво будење, енергија и добро расположение, а од друга страна мелатонинот ни дава чуство на поспаност.

Но, научниците тврдат дека и покрај хормонската промена, важен е и звукот на дождот. Доколку звукот е тивок, или умерено силен, и е изедначен со паѓањето на дождот, човековиот мозок тоа го разбира како смирувачки сигнал.