Реклама

Почина познатиот неврохирург Јовица Угриновски

Jovica Ugrinovski

Македонија останува без еден од врвните неврохирурзи. Почина проф. д-р Јовица Угриновски. Најблиските се се простија од својот ментор, професор, колега и на Инстаграм профилот на НЕУРОМЕДИКА напишаа:  

-Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77 годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван професор д-р Јовица Угриновски.

Agria

Професорот Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на НЕУРОМЕДИКА. Менаџерскиот тим и сите вреаботени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето, стои во Инстаграм објавата на Неуромедика.

Можеби ќе ве интересира: