Реклама

Велешанец ја запроси својата девојка со светлечки напис на мост во Истанбул

velesanec ja pobaral devojkata vo Istanbul

„Прстенот сакав да биде со уникатен дизајн и го купив од Капали чаршија кога пристигнавме во Истанбул, каде што бевме и сместени еден ден пред запросувањето. Потоа изнајмив јахта и ја запросив за време на крстарење под Босфорскиот мост“, споделува Александар (31) од Велес за CRNOBELO.com за запросувањето на својата сакана Ангела.

Александар (31) од Велес ја запроси својата сакана Ангела (25), исто така од Велес, на јахта на време на крстарење по Босфор во Истанбул. Тој ја запроси со светлечки напис на Босфорскиот мост, каде пишуваше „Таа кажа да“, а потоа и нивните имиња „Ангела и Александар“.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Запросувањето беше планирано долго време пред престојот во Турција, а јахтата ја изнајмив еден месец претходно само за нас двајца со останатата декорација. Ангажирав и професионален фотограф за овековечување на таа посебна вечер. Прстенот сакав да биде со уникатен дизајн и го купив од Капали чаршија во Истанбул, каде што бевме и сместени еден ден пред запросувањето.

Целата вест можете да ја видите на crnobelo.com

Можеби ќе ве интересира: