Реклама

Јувентус ќе се жали на казната од 15 поени

juventus-inter-102__v-gseagaleriexl

Италијанскиот клуб Jувентус потврди дека ќе се жали на одлуката на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) да им додели 15 поени казна во случајот со лажно кревање на вредноста на трансферите за да се прикаже профит, откако првично беше побарана казна од 9 поени.

Покрај казната, со која Јувентус паѓа на 10. место на табелата со само 22 поени, клубот е ефективно без спортски директор, бидејќи Федерико Керубини доби суспензија од 16 месеци, додека поранешните лидери на клубот, Андреа Ањели и Маурицио Аривабене се суспендирани на две години.

Agria

Јуве потврди дека почнале со процесот за апелација пред Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ).

Можеби ќе ве интересира: