Реклама

Приведени двајца велешани, во возилото пронајдена марихуана, дробилка и ризли

Marihuana kesi
ФОТО: АРХИВА

Двајца велешани се приведени од полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата кај крстосница кај Башино Селооткако во патничко моторно возило “цитроен“ биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и ризли.

Текстот продолжува под рекламата

„На 21.01.2023 во 22.50 часот во Велес на крстосница кај Башино Село од полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата биле лишени од слобода Д.М.(29) и Б.Д.(30) двајцата од Велес, кои биле во патничко моторно возило “цитроен“ со велешки регистарски ознаки, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и ризли“, соопштија од МВР.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира: