Реклама

Филипче не се согласува на лекарите да им биде забранета комуникација со медиумите

Преку писмено соопштение, директор на една државна клиника ги инфомирал докторите дека во медиумите можат да даваат изјави исклучиво само со писмена согласност од директорот, а секое излегување кое штети на угледот на клиниката, кое ја разнишува довербата кај вработените на клиниката, во услови на криза и кое влева недоверба во постапувањето на епидемиолошките служби и институциите на системот ќе биде санционирано.

Министерот Венко Филипче денес од новинарите на прес конференција, беше запрашан на оваа тема.

Agria

“Побарав директорот да ми ги испрати сите мејлови и комуникација. Лично, не се согласувам. Јас стојам зад тоа да отворено, транспарентно и точно информираме во било кој момент и не поддржувам било какво ограничување на било каква комуникација” рече министерот Филипче.