Реклама

Изаир Емини е првиот македонски фудбалер кој е позитивен на Ковид 19

Македонскиот фудбалски интернационалец Изаир Емини е првиот позитивен македонски фудбалер на Ковид-19 и воопшто прв позитивен во косовскиот фудбалски шампионат, јавија косовските медиуми. Тој е член на фудбалскиот клуб Дрита од 2019 година, а претходно настапуваше за Шкендија, од 2017 до 2019 година. Една година играше во албански Кукс, а исто така, две години настапуваше и во Ренова.

Емини бил тестиран во приватната клиника „Аџибадем Систина“ во Скопје, заедно со уште деветмина фудбалери од неговиот тим. Сепак, тој не чувствувал силни симптоми на коронавирусот и засега е во домашна изолација.

Agria