Реклама

Четворица велешани учествуваа во првата трансплантација на срце во нашата земја

Во тимот кој учествуваше во првата трансплантација на срце, се наоѓаат и четворица велешани, д-р Сашко Јовев, д-р Димче Славевски, д-р Тања Анѓушева, и д-р Александар Колев. Покрај нив тимот на вчерашната успешна операција е во состав на д-р Жан Митрев, д-р Александар Николиќ, и д-р Маја Мојсова.

Mинистерот за здравство Венко Филипче ја информира јавноста, дека во текот на ноќта успешно беше изведена првата трансплантација на срце која беше изведена на Клиниката за кардиохирургија во Скопје.

Agria