Реклама

Тепачка во Велес и во првата вечер без полициски час

tepacka2

Тројца велешани се степале вчера, во близина на бензинската пумпа во населба Тунел. Тепачката се случи на првата вечер без полициски час, околу 23:30 минути. Тројцата прво се расправале, а откако не се разбрале, почнале да се тепаат. Во тепачката учествувале лица на возраст од 19, 28 и 55 години, соопшти СВР Велес.

„На 27.05.2020 околу 23.30 часот на ул.„Благој Ѓорев“, кај бензинска пумпа во Велес, по кратка расправија дошло до  физичка пресметка помеѓу Г.П.(28) и В.Д.(19) со Д.П.(55). По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Agria