Реклама

(ВИДЕО) Коцевски до полицијата: Контролирајте ги младите навечер!

Ace Kocevski 29.05.2020

Младите велешани не ги почитуваат мерките за заштита од ширење на коронавирусот, не носат заштитна опрема, а се однесуваат некултурно, фрлаат отпад каде ќе стигнат и ги возменируваат станарите во зградите каде што навечер се собираат.

Ова е констатацијата на велешкиот градоначалник Аце Коцевски, два дена откако се укина полицискиот час и ден по отворањето на кафе баровите.

Agria

„Која е логиката да не работат училиштата кога младите и во вакви услови не ги почитуваат мерките? Забележано е особено вчеравечер, по отворањето на кафулињата дека поголеми групи на млади луѓе во кафулињата и на повеќе локации во градот воопшто не ги почитуваат мерките за носење заштитна опрема и социјална дистанца и оставаат купишта смет околу себе“, рече Коцевски.

Тој ја повика полицијата да обезбеди човечки ресурси и да ангажира позорникари за да ги спречи ваквите појави. Воедно, упати апел до родителите да преземат поголеми мерки за контрола и советување на младите во услови на Ковид 19.

Поради нефункционалноста на постојниот систем со комунални редари, градоначалникот смета дека е непоходно со децентрализацијата да се воведе комунална полиција, која ќе биде задолжена за одржување на јавниот ред и мир и хигиената во општините.