Реклама

(ВИДЕО) Крстевски: Додека сите се бориме со коронавирусот, ВМРО ДПМНЕ пласира лажни вести

stevo krstevski

Општинската организација на СДСМ Велес реагира на, како што велат, лажните вести кои ги објавува ВМРО ДПМНЕ, а во исто време врвот на опозицијата не ги почитувал мерките на Владата за заштита од коронавирусот.

„Додека сите се бориме со последиците од коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат друга борба – се натпреваруваат да објават што повеќе лажни вести, сметајќи дека со тоа ќе постигнат ситни политички поени кај граѓаните“, рече претседателот на Општинската организација на СДСМ Велес Стево Крстевски.

Agria

Според него, народот знае да процени и затоа наскоро ќе го казни деструктивното однесување на ВМРО ДПМНЕ.