недела, 4 декември, 2022
Реклама

58-годишен човек истепал десетгодишно дете

Kavadarci dron 997x485

Кавадарчанец на возраст од 58 години завчера вечер истепал десетгодишно дете. Инцидентот се случил околу 20 часот, во близина на спортската сала „Јамин“ во Кавадарци.

Нападот врз детето во полиција вчера го пријавил неговиот 68-годишен дедо.

Agria

„На 16.06.2020 во 19:30 часот во ОВР Кавадарци, Ќ.М. (68) од Кавадарци пријавил дека на 15.06.2020 околу 20.00 часот кај спортската сала во Кавадарци С.К. (58) физички го нападнал неговиот десетгодишен внук“, соопшпшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот полицијата ќе биде поднесе соодветна пријава.

Поврзани вести: