Реклама

Здравковски: Кога ќе дојде по вашиот глас, прашајте ја власта каде се ветените проекти

Igor Zdravkovski 17.06.2020

Власта не реализираше ниту еден капитален проект во Велес и затоа не го заслужуваат вашиот глас, порача денеска Игор Здравковски, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Велес.

Според него, граѓаните ги одбројуваат последните денови од владеењето на оваа, како што рече, безидејна и лицемерна владејачка гарнитура предводена од СДСМ.

Agria

„Повеќе од очигледно е она што веќе трета година го гледаме, а тоа е нивната неспособност и негрижа за граѓаните олицетворена и во управувањето на нивните локални функционери, кои за жал, освен празни зборови, лаги и ветувања не донесоа ниту една капитална инвестиција во Велес и не реализираа ниту еден капитален проект. И кога ретроспективно ќе погледнеме за да сумираме, нивното работење се сведува на ништо. Затоа што тие ништо не направија за Велес и велешани“, рече Здравковски.

Тој им порача на граѓаните да ги прашаат луѓето од власта кога ќе дојдат да го бараат нивниот глас, до каде се ветените проекти како катната гаража во центарот на Велес, гасификацијата, колекторскиот систем и пречистителна станица за отпадни фекални води во Велес, енергетско – ефикасните покриви во детските градинки и училиштата, трговско-деловниот објект „Градски саат“ и затворениот базен за пливање.

„Парадоксот на нивните уверувања и убедувања е во тоа што тие сакаат да мислите дека сме исти и не можат да се помират со вистината дека ние се разликуваме. Нив ги боли тоа што ова ВМРО-ДПМНЕ е различно со СДСМ. Ние тоа сме го докажале и покажале, а сега уште посилно ќе го покажеме“, рече Здравковски.

Претседателот на велешкиот огранот на ВМРО ДПМНЕ ја обвини власта за предизвикување политичка, здравствена и економска криза кои, као што рече, ги има секогаш, кога СДСМ ја има власта.

Можеби ќе ве интересира: