вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Трета вонредна крводарителска акција во Велес

Krvodaritelska akcija 1

Вонредна крводарителска акција ќе се одржи на 22 Јуни во Ликовниот салон во Велес, со почеток од 9 часот, и ќе трае до 14 часот.

Поради вонредната состојба во државата има ниско ниво на залихи со крвни единици. Затоа Црвениот крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина се одлучи во Велес да се одржи трета вонредна крводарителска акција.

Agria

Црвениот крст од Велес ги повикува сите крводарители кои сакаат да учествуваат на истата да дојдат и да дадат голем придонес за здравјето на населението. На крводарителската акција ќе се применуваат сите стандарди и процедури согласно состојбата во која се наоѓаме.

Акцијата се одржува со помош на Општина Велес и Народниот музеј.

Можеби ќе ве интересира: