Реклама

Расте бројот на заразени здравствени работници во Штип

stip-2

Во Штип расте бројот на заразени медицински работници со корона вирусот. Откако вчера цела смена замина во изолација поради тоа што лекар од Итната медицинска помош е позитивен на корона вирусот, денес во изолација заминуваат најмалку уште двајца вработени поради тоа што има уште еден потврден позитивен случај.

Според директорката на здравственот дом во Штип по завршувањето на тестирањето и епидемилошките анкети ќе прават план и реорганизација на работата.

Agria

И додека бројот на заболени расте дел од граѓаните не ги почитуваат мерките за изолација. Од регионот досега тројца жители на Кочани се спроведени во државен карантин. Првиот случај е од пред два дена кога жителка на Кочани наместо дома била пронајдена под дејство на алкохол во автомобил, а другите двајца вчера со полицициска придружба се спроведени во државен карантин во објект во Скопје.

Во текот на денот во државен карантин ќе бидат спороведени уште неколку лица од Штип и Кочани.

поврзани вести: