Реклама

30 граѓани се пријавиле за гласање во понеделник

Infektivno Stip

Само 30 лица во изолација и болни од Ковид 19 се пријавиле за гласање во понеделник на парламетарните избори во Штип. Во градот што е четврти по бројот на заразени со корона вирус во државата од стартот на пандемијата, заклучно со вчера има 160 активни случаи, а вкупно 258 граѓани се во изолација.

За гласењато во вторник се пријавиле 216 болни и изнемоштени граѓани. Од општинската изборна комисија велат дека има промена на локациите на неколку гласачки места, а нема иземање на здравствени работници од избирачките одбори.

„Според упатството што го добивме од Државна изборна комисија, здравствениот кадар останува каде што бил и досега. Добивме посебен извод, фактички добивме посебна категорија за здравствени работници, и тие петмина ги ставаат во посебни одбори кои ќе одат да гласаат луѓето болни од ковид и луѓето во самоизолација и изолација.“ Вели Сенка Андреева претседател на ОИК Штип.

Во меѓувреме во регионот расте бројот на заразени од вирусот. На штипското инфективно се хоситализирани 47 лица, од кои десет се на кислородна подршка. Има пациенти од цел регион каде има активни случаи на вирусот.

Голем раст на нови случаи вчера имаше во Свети Николе. Една фабрика од прехрамбената индустрија е веќе затворена. Таму активни се 53 случаи, од кои 15 се текстилни работнички. Од Општинскиот кризен штаб велат дека е на иницијатива на сопственикот направено е тестирање на сите 210 работници и од резултатите ќе зависат понатамошните чекори.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами