Зоран Заев од денеска е во соседна Грција и ја започнува дводневната работна посета, а утре ќе присуствува на панел дискусија во рамките на конференција на Економист „24-та тркалезна маса со грчката Влада“.
Премиерот Заев заедно со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе има работен ручек, а ќе оствари средба и со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу.
Мицотакис на прес конференција повтори дека договорот е сепак затворено прашање, со оглед на тоа дека станува збор за меѓународно ратификуван договор, а Грција како што изјави ги почитува таквите договори.
-Ова прашање, да, затворено е, но она што не е затворено е правилното имплементирање на, според нашето мислење, еден проблематичен договор. И штом сме резервирани или постојат прашања за кои треба да се разговара, со господинот Заев или со било кој и да е премиер во Македонија, очигледно дека ќе разговараме, вели Мицотакис.
Според агендата, премиерот Заев во среда, на вториот ден од конференцијата на економист ќе учествува на панел дискусија посветена на западен Балкан, на која Заев ќе дискутира во однос на проширувањето на ЕУ, реформите што треба да се спроведат но и за трговијата и инвестициите.
Можеби ќе ве интересира: